Индивидуална сесија
2,500денИндивидуална терапевтска сесија претставува професионален разговор меѓу терапевтот и клиентот за одреден проблем поради кој клиентот се обраќа за помош. Разликата меѓу обичен разговор со пријател и професионален разговор со терапевт е во тоа што терапевтот, преку поставување на соодветни, објективни професионални прашања кои се научно утврдени и употреба на терапевтски техники му помага на клиентот да дојде до решението на својот проблем.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
*Процесот на посета на индивидуални сесии е со различно времетраење кај секој клиент, зависно од природата на проблемот. Интензитетот на посетите се одвива според интерен договор меѓу терапевтот и клиентот. Терапевтската
индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
Индивидуална сесија со дете
2,000денИндивидуалната сесија со дете се одвива преку терапија низ игра во посебна просторија наменета само за игра. Пред почетокот на индивидуалната терапија со дете, терапевтот разговара со родителите за природата на проблемот со кои се соочуваат и се утврдуваат целите кои е потребно да се остварат од посетата на психотерапијата.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
После секоја остварена сесија со детето, терапевтот разговара со родителот за напредокот на детето, добива психолошко советување и насоки за понатамошно подобрување. индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
Кариерно советување
2,500денКариерното советување претставува процес во кој клиентот добива можност да ги истражи своите идни кариерни потенцијали, да разреши кариерна криза, да се пронајде себе во својата идеална кариера во дадениот момент и да донесе одлука заедно со преземање на акција во својата реалност во која тој ќе биде среќен, исполнет и задоволен. Кариерното советување може да биде наменето за ученици кои треба да го одберат своето идно средно или високо образование, за клиенти кои сакаат да го променат своето работно место или да направат целосна промена во својата кариера, како и за оние кои имаат дилеми поврзани со нивниот моментален развој на кариера.
Психодијагностика
3,500денПсиходијагностиката претставува краток процес на проценка(најчесто во една сесија) преку задавање на соодветни психолошки инструменти(во форма на тестови) на клиентот со цел да се направи анализа на неговиот/нејзиниот профил на личност.
Од добиениот профил на личност се добиваат важни податоци кои му се потребни на терапевтот за креирање на понатамошен план за работа со клиентот. Планот на терапевтот се состои од проценка на потребата за вклучување додатна психијатриска помош и медикаметозна терапија, како и примена на најсоодветниот терапевтски начин на работа.
Семејна сесија
2,500денВо семејната сесија, семејството се гледа како целина. Во целината се истражува проблемот, кој претставува слаба карика во односите меѓу членовите и на кој начин различни симптоми од проблемот се манифестираат меѓу членовите.
Терапевтот работи на комуникацијата, емоционалната и духовната поврзаност меѓу членовите во семејството, со цел подобрување и развој на меѓусебниот однос. На тој начин се зголемува квалитетот на заедничкото живеење.индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
Сесија за пар
2,500денПсихотерапијата за парови претставува ефективен начин за паровите кои се соочуваат со одреден проблем да го истражат подлабоко потеклото на проблемот, како и да ги разрешат симптомите кои излегуваат на површина од проблемот во нивната вербална комуникација, емоционална, духовна и/или сексуална поврзаност.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
Во текот на сесиите, преку употреба на различни терапевтски прашања и техники, паровите доаѓаат до увид за своите улоги и одговорности во врската. Често добиваат домашни задачи, како и насоки со цел подобрување на взаемниот одност на секое ниво.