Колку трае една индивидуална сесија?
Една индивидуална сесија трае 60-75 минути
Колку трае една семејна или партнерска сесијa?
Една семејна или партнерска сесија 75-90 минути
Колку трае една детска сесија?
Една детска сесија трае 45-60 минути
Колку трае една сесија за кариерно советување?
Една сесија за кариерно советување трае 60 минути
Како изгледа групната психотерапија?
Групната психотерапија се одвива еднаш во неделата. Трае 3 часа. Бројот на членови може да варира. Групната психотерапија е многу делотворна, посебно за состојби како депресија, анксиозност и панични напади, проблем со социјална интеракција и самодоверба. Групната психотерапија обезбедува високо ниво на поддршка и чувство на сигурност, со што секој член добива чувство дека не е сам во својот проблем.
Што е психодијагностика и зошто е важна?
Со психодијагностиката се прави профил на личноста, се проценуваат капацитетите и колкав е нејзиниот сочуван здрав дел. Тоа му е потребно на психотерапевтот со цел да може да го одреди најдобриот начин на психотерапија за вас и да процени дали е потребна медикаментозна терапија.
Како да закажам термин?
Термин можете да закажете со телефонски повик или овде, на нашиот веб сајт, со што купувате сесија преку веб-продавницата
Како изгледа првата индивидуална сесија?
Во првата индивидуална сесија се запознаваат терапевтот и клиентот, се разгледува проблемот на клиентот, доколку постои можност се употребуваат веднаш техники за работа, се прави кусо психолошко советување и се прави договор за понатамошна работа
Како изгледа работата со деца?
Работата со деца до 12 години се одвива преку терапија низ игра и цртање
Дали се вклучени родителите во работата со деца?
Апсолутно, да
Дали Дора препишува лекарства?
Не, Дора е психолог. Само психијатар може да препишува лекарства. Дора работи психотерапија преку разговор
Кога е најдоброто време да се започне со психотерапија?
Што побрзо
Дали психотерапијата ќе ми ги реши проблемите во животот?
Не, но со психотерапијата ќе научите како ефективно и самостојно да се справувате со проблемите во животот, со намалено ниво на стрес
Колку време ќе трае процесот на психотерапијата?
Сигурно не подолго од тоа проблемот да го носите со себе целиот ваш живот