Индивидуална сесија
2,500ден
Индивидуална терапевтска сесија претставува професионален разговор меѓу терапевтот и клиентот за одреден проблем поради кој клиентот се обраќа за помош. Разликата меѓу обичен разговор со пријател и професионален разговор со терапевт е во тоа што терапевтот, преку поставување на соодветни, објективни професионални прашања кои се научно утврдени и употреба на терапевтски техники му помага на клиентот да дојде до решението на својот проблем.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
*Процесот на посета на индивидуални сесии е со различно времетраење кај секој клиент, зависно од природата на проблемот. Интензитетот на посетите се одвива според интерен договор меѓу терапевтот и клиентот. Терапевтската
индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
Индивидуална терапевтска сесија претставува професионален разговор меѓу терапевтот и клиентот за одреден проблем поради кој клиентот се обраќа за помош. Разликата меѓу обичен разговор со пријател и професионален разговор со терапевт е во тоа што терапевтот, преку поставување на соодветни, објективни професионални прашања кои се научно утврдени и употреба на терапевтски техники му помага на клиентот да дојде до решението на својот проблем.
Поврзани продукти
Индивидуална сесија со дете
Кариерно советување
Новогодишен вебинар: Партнерски релации
- Како нашите искуства и модели на врзаност од детството влијаат врз односите и врз потребата за слобода;
- Што е зрела а што незрела потреба за слобода и врзаност;
- Во колкав дел од времето создаваме хармонија, а во колкав дел компромис;
- Зошто потребата за слобода понекогаш доаѓа во контакт со желбата за немоногамија;
- Зошто сексуалноста е попредизвикувачка кога е слободна или забранета?
Психодијагностика
Работилница: Употреби ја силата на твојот страв
Семејна сесија
Сесија за пар
Справување со анксиозноста и панични напади
Психоедукативен дел во четири кратки лекции за тоа што ја предизвикува анксиозноста и како таа се создава;
Четири практични техники за моментално смирување;
Пет водени медитации за промена на доживувањата и градење на нови невронски врски во мозокот.
