Секси и сензуална
3,990ден
Добредојде во програмот, посветен на женската сензуалност!
„Секси и сензуална“ е мини програма посветена на истражување на сопствената телесност, сензуалност, сексуална самодоверба и оној дел од женскиот идентитет кој често останува скриен зад улогите, правилата, срамот и очекувањата.
Категорија Програм
Опис
За кого е наменета оваа програма?
За жени кои:
-веќе се доживуваат доволно успешни и амбициозни, но кои во процесот на постојаното движење кон успехот, можеби ја пригушиле својата сензуалност и сакаат повторно да си ја вратат назад;
-кои се посветени мајки, но им е потребно време за уживање во себе и своето тело;
-кои би сакале заводливоста и флертот да ги разберат од перспектива на социјална вештина, наместо знак за „непристоен предлог“;
-кои би сакале да создадат подобра комуникација со мажите (без разлика дали имаат партнери или не);
-кои чувствуваат дека низ годините станале премногу „функционални“ – работат, постигнуваат, се грижат за другите, но поретко се чувствуваат живи, разиграни и сензуални;
-кои сакаат да го истражат оној дел од себе што можеби долго време го сметале за „премногу“, „несоодветен“ или „забранет“;
-кои сакаат да изградат сексуална самодоверба што не зависи само од машкото внимание, комплиментите или потврдата од другите;
-кои сакаат подобро да го запознаат сопствениот сензуален јазик – што ги прави да се чувствуваат женствено, привлечно, слободно и присутно во своето тело;
кои сакаат да си дозволат повеќе игра, флерт, задоволство и спонтаност, без притоа да чувствуваат дека мораат нешто да докажуваат или да глумат;
-кои имаат чувство дека некаде меѓу улогите на професионалка, партнерка, сопруга, мајка и „одговорна жена“, изгубиле контакт со жената која постои и надвор од сите тие улоги;
-кои сакаат да ја истражат сопствената привлечност не само преку прашањето „Како ме гледаат другите?“, туку и преку прашањето „Како јас се доживувам себеси?“
Програмата се состои од четир модули кои ќе се одржат интерактивно на ZOOM платформата во времетраење од две недели со следните датуми:
06.10; 08.10, 13.10, 15.10.
Сите модули ќе се одржуваат од 18.00 часот
МОДУЛ 1 — Средба со „забранетата ЈАС“
Ја откриваме онаа верзија од себе која долго била несвесно блокирана и потиснувана. Истражуваме што живее во таа сенка — желбите, особините, импулсите и потиснатата животна енергија на кои не сме им дале простор, како и блокадите во спонтаноста што нè спречуваат слободно да се изразиме и да го живееме овој дел од себе.
МОДУЛ 2 — Откривање на сопствениот сензуален јазик
Истражуваме што ја храни твојата „забранета ЈАС“ преку она што му носи задоволство на телото и сетилата. Тоа што ја храни го употребуваме како гориво за нејзината животност, спонтаност и слобода. Ја освестуваме и нејзината ранливост и начинот на кој таа може да се претвори во твоја моќ — моќ што свесно ќе ја живееш и употребуваш.
МОДУЛ 3 — Сензуалноста во контакт со другиот
Она што сме го откриле и оживеале во себе го внесуваме во контактот со другиот. Истражуваме како твојата сензуалност се изразува преку присуството, погледот, говорот на телото, комуникацијата, флертот и заведувањето — во партнерските релации, но и во контактот со другите луѓе.
МОДУЛ 4 — Од разбирање кон живо искуство
Она што досега сме го истражувале го пренесуваме во вистинска комуникација и интеракција меѓу членките на групата. Создаваме простор да почувствуваш како е да бидеш видена, да се изразиш, да ја употребиш својата спонтаност и да останеш во контакт со себе додека си во контакт со другиот.
Значи процесот оди: Ја откривам → ја хранам → ја изразувам → ја живеам во контакт.
Што ќе постигнеш низ процесот?
Ќе си вратиш делови од себе кои долго живееле во сенка. Ќе имаш поголем пристап до сопствената сексуална и сензуална енергија, ќе ја препознаваш својата моќ и да ја употребуваш свесно, без да ја губиш ранливоста, но и ранливоста да ја гуши твојата моќ;
Да се чувствуваш поспонтано, послободно и поживо во сопственото тело, со поголема самодоверба и дозвола за задоволство и самоизразување — и сето тоа да можеш да го внесеш во начинот на кој се појавуваш, комуницираш, заведуваш и градиш контакт со другите.
За кого НЕ е програмата „Секси и сензуална“?
Оваа програма не е за тебе ако:
-бараш техники и трикови како да освоиш конкретен маж;
-очекуваш инструкции како да изгледаш, да се облекуваш или да се однесуваш за да бидеш „посекси“ во очите на другите;
-заводливоста ја разбираш исклучиво како средство за добивање машко внимание и потврда;
-очекуваш готов рецепт за тоа каква треба да биде една сензуална жена;
-не сакаш да погледнеш во сопствените уверувања, забрани, срамови и делови од себе што можеби долго време си ги потиснувала;
-во моментов не си подготвена за лична рефлексија и експериментирање со нови начини на доживување и изразување на себе;
-очекуваш програмата да ја замени индивидуалната психотерапија или третман за сексуални потешкотии.
Поврзани продукти
Basic програм: Како до повисоко либидо (за мажи и жени)
5,000ден
НОВ ОНЛАЈН ПРОГРАМ: „Како до повисоко либидо“ (за жени и мажи)
Откриј ја твојата лична приказна за либидото. Разбери ја својата желба и тело! Чекор по чекор!
Гледаш сам/а, во свое темпо и во свое време. Сосема безбедно и интимно за тебе!
6 МОДУЛИ низ 6 снимени ВИДЕО ЛЕКЦИИ
Овој програм има две верзии: BASIC и PREMIUM верзија. Прочитај подолу што содржи секоја верзија
КУПИ ПРОГРАМ
Овој програм е наменет за тебе, ако чувствуваш дека:
-либидото ти е намалено или променливо;;
-често мислиш дека „нешто не е во ред со тебе“;;
-си под притисок да „сакаш повеќе“ отколку што реално чувствуваш;;
-имаш блокади, стравови или непријатност поврзани со сексуалноста
-имаш негативна слика за изгледот на твоето тело во сексуалноста;
-си во врска, но ти недостига желба или поврзаност;
-сакаш да се разбереш себе си – не само да „поправиш проблем“;
Premium програм: Како до повисоко либидо (за мажи и жени)
7,500ден
