Центарот за ментално здравје “Дора“ е основан и постои од 2015та година.
Со центарот раководи Дора Попова Узуновски, лиценциран психолог, м-р по клиничка и советодавна психологија, европски сертифициран гешталт психотерапевт.
Зошто е Дора поразлична од другите?
01.
фокус на клиентите
Поради директниот и искрен пристап со своите клиенти
02.
вредонсти и принципи
Поради тоа што во вредносниот систем на Дора е многу важно да се совпаѓаат принципите на нејзиниот личен живот и тоа што им го зборува на своите клиенти;
03.
разбирање и близина
Поради тоа што е непосредна и неформална;
04.
пошироки гледишта
Поради тоа што умее да користи духовна практика и мудрост во работата со своите клиенти, освен употребата на класичната научна психологија и психотерапија;
05.
достапност во секое време
Поради тоа што е телефонски достапна за своите клиенти и надвор од работното време, посебно во итни ситуации.
неколку напомени
Што Дора НЕ може да направи за вас?
X
Не може да го реши проблемот кој го имате со “магично стапче“ за една сесија;
X
Не може целата одговорност за вашиот проблем да ја земе во свои раце. Потребна е и вашата лична одговорност и вложување напор во работата на себе;
X
Не може да ви каже за колку точно време ќе се реши одреден проблем.
авторски книги
Романи во продажба
Покрај редовната работа како психотерапевт, Дора се занимава и со прозно пишување. До сега ги има издадено романите: „Превртена љубов“, „Синиот час“ и „Ѓаволот има убаво лице“ во издаваштво на издавачката куќа Матица. Романите можете да ги купите точно овде на нашиот веб-сајт и да уживате во миксот на романтично-психоаналитички драми, проткаени со холивудски “шмек“ и стил на пишување.